Мени

Кумановец измамил жител на Липково, го оштетил за 400 евра

08.02.2023 14:18 | Жаклина Цветковска

Полициски службеници од СВР Куманово вчера го лишиле од слобода Т.Т.(41) од Куманово, кој се сомничи дека измамил 31-годишен жител од Липково за сума од 400 евра.

Кумановец  измамил жител на Липково,  го оштетил за  400 евра

Според информациите од МВР, откако  се договориле дека ќе му изгради куќа, Т.Т. ги зел парите и повеќе не се појавил. 
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.