Кумановец нападнал обезбедување во спортска обложувалница
25.02.2026 12:46
| KumanovoNews
Кумановската полиција привела жител на Куманово, откако физички нападнал обезбедување во спортска обложувалница.
„Ноќеска, 40 минути по полноќ, полициски службеници го лишиле од слобода 46-годишен кумановец, затоа што во спортска обложувалница на улицата „Бранко Богдански Гуцман“ во Куманово физички нападнал 50-годишен вработен ангажиран како обезбедување“, информираат од СВР Куманово.
Тој бил приведен во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.