Приведен кумановец поради палење стрниште
06.06.2026 16:26
| KumanovoNews
Полицијата приведе повозрасен жител на Куманово под сомнение дека запалил стрниште и предизвикал пожар на улицата „Народна револуција“ во градот.
„Во 13:00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.Т. (81) од Куманово, поради основи на сомнение дека на улицата „Народна револуција“ запалил стрниште и сува трева“, соопшти МВР.
Пожарот бил изгаснат од страна на Територијалната противпожарна единица Куманово, а во инцидентот нема повредени лица.
По целосното документирање на случајот, против С.Т. ќе биде поднесена соодветна пријава.