Кумановец се заканувал и оштетил две возила поради паркинг место
02.03.2026 13:03
| KumanovoNews
Поради недоразбирање за паркинг место кумановец се заканувал со остар предмет на сограѓанин и оштетил две возила.
Според МВР, ноќеска во 04:10 часот, полициски службеници привелe 38-годишен кумановец, затоа што на улица „Анѓа Ранковиќ“ во Куманово, поради недоразбирање околу паркинг место, со остар предмет се заканувал на 30-годишен сограѓанин , а потоа влегол во неговото возило и со голема брзина оштетил други две возила.
„Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок“, соопшти полицијата.
(Фото. архива)