Кумановец со пиштол се заканувал на соседот
30.01.2025 13:23
| KumanovoNews
Полицијата привела 61-годишен кумановец затоа што со пиштол се заканувал на неговиот сосед.

„Полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.И. (61) од Куманово, постапувајќи по претходна пријава дека со огнено оружје се заканувал на неговиот сосед З.Д. (60). Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава“, соопшти МВР.