Кумановец со уцена и закана изнудил 16.000 евра од сопружници
15.06.2024 13:12
| KumanovoNews
Кумановец е приведен во полиција, под сомнение дека под закана изнудил пари на брачен пар од Куманово.

„Во 04.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово лишиле од слобода 37- годишем кумановец, постапувајќи по претходна пријава дека се заканувал на 47-годишна жена од Куманово и нејзиниот 49-годишен сопруг, и од декември 2022 година до 13. јуни 2024 со уцена од жената изнудил околу 16.000 евра“, соопшти МВР.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.