×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Куманово ќе добие сувенирница кога ќе се ослободи простор во Занаетчискиот дом

    18.06.2022 16:00 | Сузана Николиќ

    Барањето на занаетчиите да се отвори сувенирница во Куманово ќе се реализира кога ќе заврши правната постапка и ќе се ослободат дел од дуќаните од сегашните корисници во Домот на занаетчии на Градскиот плоштад, најави градоначалникот Максим Димитриевски.

    Куманово ќе добие сувенирница кога ќе се ослободи простор во Занаетчискиот дом

    Тој вели дека тоа може да биде најрано догодина, бидејќи судскиот спор е при крај и очекува наскоро да заврши.

    „Општина Куманово веќе трета година води правна постапка за враќање во владеење на дуќаните коишто се во состав на Занаетчискиот дом. Го чекаме конечниот епилог и тоа ќе биде првиот момент кога ќе имаме правосилно решение, бидејќи најголем дел од дуќаните се користат бесправно и ние сметаме дека тие се узурпирани. Во една легитимна постапка ќе ги реиздадеме, а еден од постоечките дуќани ќе биде сувенирница, која ќе ја отвориме заедно со Занаетчиската комора, со која ќе ги поделиме и финансиските обврски.Мислам дека тоа ќе се реализира веќе следната година, штом ќе се заврши постапката за враќање на овој општински имот“, изјави Димитриевски.

    Занаетчиите од Куманово уште минатата година јавно побараа oпштината да им помогне да обезбедат деловен простор за отварање занаетчиски дуќан, во кој ќе се продаваат нивните производи и ракотворби. Тоа би било сувенирница, којашто ќе ја посетуваат домашните и странски туристи, но и граѓаните кога сакаат да однесат рачно изработен автентичен подарок од градот.

    „Тоа е идеја која што опстојува повеќе години, но сѐ уште нема реализација. Во сувенирницата ќе има производи од сите занаети, од кујунџии, грнчари, опинчари, ракотворби од вез и накит. Најдобро е таа биде во централното градско подрачје каде посетителите ќе можат да видат со што располагаме и можат да купат, а со тоа да ни дадат поддршка за нашиот опстанок“, апелираат занаетчиите.

    Куманово има преку 30 стари занаети и уникатни ракотворби и предмети од рачна изработка кои се автентични за неговото подрачје. Отварањето на сувенирницата би придонела и за промоција на туристичкиот потенцијал на градот.