Мени

Кумановската фирма „Рапид билд“ ќе го гради гасоводот до Грција

17.02.2025 09:26 | KumanovoNews

Гасоводот од Гевгелија до Неготино, односно поврзувањето со Грција, ќе го гради кумановската фирма „Рапид билд“.

Кумановската фирма  „Рапид билд“ ќе го гради гасоводот до Грција

Изборот на националниот оператор на системот за пренос на гас „Номагас“ го потврди и Европската инвестициска банка, како кредитор на проектот.

По потпишување на договорот „Рапид билд“ ќе треба да почне со изградбата на 67-километарскиот гасовод. Овој проект чини околу 60 милиони евра. Од грчката страна гасоводот од 123 километри е речиси готов.