×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кумановски театар прими двајца млади глумци, македонскиот актерски ансамбл брои 16 члена

    21.02.2024 12:56 | Сузана Николиќ

    Никица Јанковски и Анастасија Величковиќ потпишаа договор за вработување со НУЦК „Трајко Прокопиев“ од Куманово, со што станаа редовни членови на актерскиот ансамбал на Театар Куманово.

    Кумановски театар прими двајца млади глумци, македонскиот актерски ансамбл брои 16 члена

    Двајцата се изберени на објавен конкурс, на кој имало пријавено 7 кандидати.

    „Имаше пријавено 6-7 луѓе на отворениот конкурс, а кандидатите ги избира комисија формирана од Министерството за култура. Во неа членуваат истакнати актери, со долгогодишно искуство, одлуката е целосно нивна. Аудициите се исти како за кастинг за некоја претстава, филм или ТВ серија, или пак приемниот испит за Факултетот за драмски уметности. Во текот на аудицијата кандидатите настапуваат со подготвен текст, но комисијата им задава прашања или некои задачи по кои ја оценуваат спремноста да се вклучат и придонесат во одреден колектив“, објаснува директорот Сашо Тодоровски.

    Никица Јанковски веќе десетина години хонорарно играл во неколку претстави на локалниот театар и е добро познат и на колегите, но и на публиката. Се работи за млад, талентиран и сестран ентузијаст од кој много се очекува на сцената. Анастасија Величковиќ во последниве 2-3 години се издвои со своите изведби во неколку претстави и остави впечаток дека умее и може да придонесе на квалитетот на програмата на Театар Куманово.

    Актерскиот колектив на кумановската драма сега брои 16 члена, додека албанската драма има  9 члена.