Мени

Двајца кумановски уметници донираа дела за Клиниката за гастроентерохепатологија

19.03.2026 10:04 | KumanovoNews

 Гоце Божурски и Дејан Божиновски – Коска од Куманово се меѓу 27-те уметници кои донираа слики за Клиниката за гастроентерохепатологија во Скопје.

 

Двајца кумановски уметници донираа дела за Клиниката за гастроентерохепатологија

Вкупно се донирани 30 уметнички дела од реномирани и млади автори, кои со својата хуманост и креативност придонесоа за разубавување на болничкиот простор и создавање попријатен и поинспиративен амбиент за пациентите и медицинскиот персонал.

„Овој настан претставува значаен пример за општествена одговорност и солидарност, каде уметноста ја добива својата хумана димензија, придонесувајќи кон подобрување на секојдневието во здравствените установи“, беше истакнато на вчерашното примопредавање на делата.

Од Клиниката на сите уметници им беа доделени благодарници и признанија за нивната несебичност.

Освен двајцата кумановци, свои дела донираа и уметниците: Данчо Ордев, Игор Мишев, Томе Мишев, Дејан Иванов Маргуш, Стефан Хаџи-Николов, Боро Арсовски, Марјан Стојаноски, м-р Емилија Тоциновска, д-р Стојче Тоциновски, Горан Боев, Павле Кузманоски, Невзат Кица, Решат Амети, Владимир Темков, Бурхан Ахмети, Здружението за уметност и култура „Силиндарт“ од Гостивар, Акиме Насуфи Реџепи, Дренуша Пашоли, Ванеса Ода, Лида Шарафатманд, Владимир Лазоски, Тасим Кадрија, Ардиан Кадрија, Имран Зимери и Џоко Антониев.