Кумановскиот суд чека нов претседател
10.05.2013 09:27
| KumanovoNews
Основниот суд во Куманово до крајот на месецот треба да добие нов претседател, откако предходниот Сефер Мехмети, замина во пензија.
Постапката за избор на прв човек на Судот е во тек, а на конкурсот се пријавиле 6 кандидати од Куманово.
Судиите Муса Сулејмани, Неџат Мемети, Љубомир Ѓорѓевиќ, Савре Спасовски, Емилија Стојмановска и Видое Тасевски се пријавиле од нашиот суд. Дали има заинтересирани и од другите градови незнаме, тоа треба да прашате во Судскиот совет. Судиите вчера беа на интервју и најверојатно во најкратот рок ќе биде познато кој ќе го води Судот во наредните 4 години, велат извори од Судот.
До изборот на нов претседател, судиката Десанка Ѓаковска е назначена за в.д. претседател.

