Лажна пријава за бомба во основно училиште во Куманово
19.03.2026 14:55
| KumanovoNews
Во основно училиште во Куманово денеска напладне било пријавено дека е поставена бомба.
„Околу 12:50 часот во СВР Куманово е пријавено дека на електронска адреса на основно училиште во Куманово е упатена закана за поставена експлозивна направа. Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки, извршени се проверки и констатирано е дека се работи за лажна пријава. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопшти МВР.