Мени

Личната карта и возачката дозвола од четврток на мобилен телефон, почнува примената на електронскиот паричник

26.10.2026 13:08 | KumanovoNews

Од четврток ќе почне официјалната примена на  електронскиот паричник што значи дека граѓаните ќе можат на својот мобилен телефон да ги имаат својата лична карта и возачка дозвола.

Личната карта и возачката дозвола од четврток на мобилен телефон, почнува примената на електронскиот паричник

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски најави дека апликацијата ќе биде промовирана во среда,  и дека се работи за безбедна  заштита на личните податоци.

„Корисниците нема да мора да ги откриваат сите свои податоци, како што тоа го правиме сега кога ги покажуваме пластичните лични карти или возачките дозволи. На пример, кога сакате да се легитимирате во банка, бар или друг локал, нема да мора да ги покажувате сите податоци од личната карта. Ќе можете сами да изберете кои податоци сакате да ги споделите, на безбеден начин. Податоците ќе се споделуваат преку QR-код, кој се генерира за еднократна употреба. Кодот се скенира, а другото лице ги добива податоците само доколку вие го дозволите тоа. По 10 до 15 секунди, QR-кодот истекува и не може повторно да се употреби. Многу внимание посветивме на безбедноста“, појаснува Андоновски.

Ова, вели министерот, е почеток на еден процес којшто треба да нè доведе до европскиот дигитален паричник којшто ќе значи целосна дигитализација на документите.