Гори сува трева покрај патот за Пчиња, локализиран пожарот на депонијата „Краста“
Пожарот на депонијата Краста е локализиран, но гори сува трева од двете страни на патот кон селото Пчиња.

„ Како настанал пожарот дополнително ќе се утврди, претпоставувам дека е од самата депонија, но постои можност дека е запалена сува трева во подножјето на депонијата. Благодарение на навремената интервенција и координација помеѓу механизацијата на ЈП „Чистота и зеленило“ и Територијалната противпожарна единица Куманово, пожарот е успешно локализиран во рамки на самата депонија“, вели директорот на ЈП „Чистота и зеленило“ Ненад Стојановски.
Од Територијалната противпожарна единица Куманово велат дека силниот ветер прво пожарот го разгорел од левата страна на патот кон каменоломот, а потоа и на десната страна. На терен се нивни екипи и го гаснат огнот за да не се прошири кон селото Пчиња.