×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање
  • Политички маркетинг

  • „Макраме“ и „Три манастирски цркви“ наградени на фестивалот „Камера 300“ во Битола

    05.11.2025 11:59 | KumanovoNews

    Документарните филмови „Макраме“ на Надица Петковиќ и „Три манастирски цркви во Кумановско“ на Валентина Андреиќ, двете вработени во НУ Музеј Куманово, беа наградени со престижни признанија на фестивалот „Камера 300“ во Битола.

     

    „Макраме“ и „Три манастирски цркви“ наградени на фестивалот „Камера 300“ во Битола

    Филмот „Макраме“ на Надица Петковиќ, кустос советник етнолог,  ја доби наградата УНИКА, која ја доделува Меѓународната асоцијација за уметнички филм, додека „Три манастирски цркви во Кумановско“ го доби признанието „Златна камера 300“.

    Документарниот филм „Макраме“ го обработува традиционалното плетење макраме и неговото културно значење, прикажувајќи го како исклучително визуелно и истражувачко остварување. Проектот е финансиран од Општина Куманово.

    Филмот „Три манастирски цркви во Кумановско“, на авторката Валентина Андреиќ – кустос советник, историчар на уметност, претставува длабинска уметничка обработка на духовното и културното наследство на трите манастирски храмови, прикажани преку внимателно избрана визуелна естетика и стручна документарна поставеност. Филмот е финансиран од Министерството за култура и туризам и е дел од годишната програма на Националната установа Музеј Куманово.

    Овие две награди го потврдуваат континуираниот раст и висок квалитет на продукцијата на НУ Музеј Куманово, како и значењето на институционалната поддршка за развојот на документарниот филм и промоцијата на националното културно наследство.