Мени

Малолетник нападнал полицаец

26.02.2024 10:45 | KumanovoNews

Шеснаесет годишно момче нападнало полициски службеник во Крива Паланка.

Малолетник нападнал полицаец

„Полициски службеници од ОВР Крива Паланка лишиле од слобода 16-годишник затоа што на улицата „Македонска" во Крива Паланка физички нападнал полициски службеник, кој извршувал службени дејствија“, соопшти МВР.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.