Малолетник приведен додека се обидувал да запали кабли во „Бавчи“
14.07.2025 13:24
| KumanovoNews
Полициски службеници вчера привеле малолетник, кој бил затекнат на место викано „Бавчи“ додека се обидувал да запали бакарни електрични кабли.

Лицето е приведено во полициска станица, а по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.