Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Марина Манојловска е избрана за нова координаторка на Форум на жени на ОО СДСМ Куманово.
Таа е долгогодишен член на СДСМ и досега вршела повеќе партиски функции: член на локалниот Извршен, шеф на штаб, член на централната партиска комисија за образование, координатор на советничката група на СДСМ во Советот на Општина Куманово.
„Акцент ќе ставам на борбата за родова рамномерна застапеност на жената во сите сфери на животот, таа не смее и не може да биде игнорирана или запоставена. Ако може покрај професионалните обврски потполно да се посвети на домот и семејството, секако дека може многу да придонесе и за општеството. Со самото свое постоење таа дава вредност на целокупното опкружување“, вели Манојловска.
Таа по професија е одделенски наставник, а во два мандати била и директор на основното училиште „Браќа Миладиновци“. Пензионерка е од февруари годинава, што значи дека ќе има доволно време да се посвети на плановите кои ги има.
Доаѓа на местото на Јасмина Георгиевска.