Мега луна парк во Куманово - забава на отворено до 15 март
Викендов започна со работа забавниот парк, кој е поставен на паркингот кај спортската сала во Куманово. Луна паркот ќе биде отворен за посетители до 15 март.
Во наредните петнаесетина дена, посетителите ќе имаат можност да уживаат во различни атракции – панорамски рингишпил висок 30 метри, хидраулична и семејна вртелешка, автомобилчиња за најмладите, како и адреналински справи за тинејџерите и повозрасните.
Организаторите ги повикуваат граѓаните да го посетат луна паркот, кој е наменет за сите генерации – од 3 до 103 години.

„Нека дојдат да се забавуваат и да уживаат во бројните атракции и впечатливи визуелни ефекти, а повозрасните нека се вратат во детството“, велат организаторите.
Работното време на паркот во работните денови е од 16 до 23 часот, а за време на викендите од 11 до 23 часот.
Поставувањето на забавниот парк претставува дополнителна понуда за забава во градот, особено за децата и младите, кои во наредниот период ќе имаат уште едно место за дружење и рекреација.

Организаторите апелираат до посетителите да ги почитуваат безбедносните правила и упатствата на персоналот, со цел престојот да помине во најдобар ред.

(ПР текст)