×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Меѓународниот боксерски турнир „Мирослав Петровиќ“ ќе се одржи викендов на Градскиот плоштад во Куманово

    05.06.2025 13:15 | Оливера Пешевска

    На Градскиот плоштад во  Куманово во сабота и недела ќе се одржи Меѓународниот боксерски турнир „Мирослав Петровиќ“. 

    Меѓународниот боксерски турнир „Мирослав Петровиќ“ ќе се одржи викендов на Градскиот плоштад во Куманово

    Ова е 5 издание на турнирот, а најавено е учество на 120 спортисти и тренери од повеќе земји од регионот и светот.

    „Се надеваме дека овој настан ќе даде приодонес во афирмација на Куманово како спортски град, ќе учествуваат повеќе држави кои се носители на боксот во светот. Се надевам дека 2 дена ќе имаме убав турнир и ќе уживаме во спортскиот настан во Куманово“, истакна Кристијан Андреевски, претседател на Националната боксерска федерација (НБФ).

    На турнирот гостуваат спортисти од соседните земји, но и други држави од светот- Србија, Словенија, Азербејџан, Палестина, Романија, Молдавија, Турска, Полска, а од Албанија се очекува потврда.

    Во сабота, 7 јуни натпреварите започнуваат во 18 часот, а во недела две сесии стартуваат во 18 часот, по што официјално ќе биде отворена финалната рунда во 19.30 часот, за која се планирани 16 борби.

    Ова година Боксерскиот клуб „Куманово- 84“, како организатор на турнирот направи напор да се одржи турнирот, со желба и идеја да се одвива на Градскиот плоштад.

    „ Куманово е спортски град, боксерски град со двајца олимписки шампиони – Реџеп Реџеповски и Аце Русевски, кои се мотив за нас да продолжиме по нивните стапки“, посочи Самет Салиевски, претседател на БК „Куманово- 84“.

    Турнирот се одржува со поддршка на Општина Куманово, преку Општинскиот сојуз на спортови, Министерството за спорт, Европската боксерска конфедерација и Националната боксерска федерација.  

    „Сакам да ги поканам сите сограѓани, да дојдат, да присуствуваат, да ги видат магиите на боксерите, да ја видат ова племенита вештина во поубаво светло. Тоа да биде мотив многу наши деца, идни генерации да почнат да тренираат и повеќе внимание да обрнат на спортот“, кажа Александар Крстевски, раководител на Сектор за култура и спорт.