×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Мигрант со нож усмрти мигрант во Куманово

    30.05.2023 12:15 | KumanovoNews

    Мигрант бил прободен со остар предмет утрово во Куманово, по што кратко потоа починал. Според МВР, се работи за физичка пресметка помеѓу повеќе лица, мигранти, а еден од нив го прободел другиот, по што тој починал. 

    Мигрант со нож усмрти мигрант во Куманово

    „Денеска во 06.20 часот во СВР Куманово било пријавено дека во атар на с.Речица, кумановско, било пронајдено лице мигрант со повреди од остар предмет. Лицето било пренесено во Општа болница Куманово, каде во 07.45 часот  починал. Полициски службеници на СВР Куманово извршиле увид и по преземените мерки и извршени разговори било констатирано дека настанала физичка пресметка помеѓу повеќе лица мигранти, при што починатиот мигрант бил прободен со остар предмет“, велат од МВР.

    Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

    (фото: архива кумановоњуз)