Мирослав Костовски најсреќен во Св.Тројца
Мирослав Костовски (24) беше најсреќен меѓу пeтнаестината момчиња што утринава се фрлија по крстот во водите во базенот на црквата „Света Троица“. Мирослав и претходните години за Водици скокал по осветениот крст, но верува дека оваа година ќе биде посебно успешна за него и за неговото семејство.

Многу сум среќен. Сметам дека фаќањето на крстот е божји благослов. Им посакавум на сите да им се случи истото и им порачувам на сите млади да учествуаат масовно во ваквите православни манифестации - изјави Мирослав.
Со фаќањето на крстот тој го добива и кумството за наредната година. Од црквата „Св.Троица“ доби подарок телевизор, златно синџирџе и крст.
По повод празникот Богојавленије - Водици утрово во Света Троица се одржа света литургија , а беше осветена и водата од која верниците си наполнија за здравје, мир и благосостојба.
Голем празник за нас православците. Многу ми е драго што вака масовно се прославува, а особено ме радуваат младите, кои ни големиот студ не ги спречи да скокаат во осветената вода по крстот - вели една повозрасна госпоѓа.
За христијанските верници, Водици е еден од најголемите христијански празници за што говори големиот број присутни верници во светите храмови.