×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • МКК Куманово се пласираше во полуфинале по триумф над Кожув – следен предизвик МЗТ Скопје

    04.05.2025 09:59 | Оливера Пешевска

    Кошаркарите на МКК Куманово обезбедија пласман во полуфиналето на Првата кошаркарска лига, откако во четвртфиналната серија трипати го совладаа составот на Кожув од Гевгелија.

    МКК Куманово се пласираше во полуфинале по триумф над Кожув – следен предизвик МЗТ Скопје

     Кумановци синоќа на гостински терен славеа со убедливи 67:82 и со тоа ја затворија серијата со 3:1 во победи.

    Тимот предводен од Марин Докузовски прикажа зрелост и одлична физичка и тактичка подготовка во клучниот натпревар. Пресвртот се случи во втората четвртина кога кумановци уфрлија 21 поен, додека домашниот тим застана на 12. Со таа предност, гостите успешно го контролираа резултатот и темпото на игра до самиот крај.

    Најзаслужен за финалниот налет беше Луковиќ, кој блесна во последната четвртина со 10 поени од вкупно 25 за тимот, со што ја запечати победата и влезот во полуфиналето. Стабилна офанзивна поддршка му пружија и Петровиќ, Тадиќ и Радукиќ, кои постигнаа по 13 поени.

    Четвртфиналната серија, која се играше на три добиени натпревари, започна со две убедливи победи за Куманово на домашен терен. Во третиот дуел, одигран во Гевгелија, Кожув успеа да избори победа по продолженија, но денешната четврта средба ја врати контролата во рацете на гостите од северот.

    Со оваа победа, МКК Куманово се приклучува на најдобрите четири екипи во државното првенство и ќе се соочи со актуелниот шампион МЗТ Скопје во полуфиналната фаза. Ова ќе биде сериозен предизвик за кумановскиот состав, кој ќе се обиде да направи уште еден чекор напред кон титулата.

    Терминот и форматот на полуфиналната серија ќе бидат објавени дополнително, но кумановските кошаркари веќе најавуваат цврста борба и мотивираност за продолжување на успешната сезона.