Мултимедијалниот фестивал „Културен амалгам“ утре во Куманово
Во Центарот за Култура „Трајко Прокопиев“ - Куманово, утре во 20 часот ќе се одржи ревијална изложба на алтернативни фотографски техники „ФотоСинтеза“ и премиера на документарен филм за Јанаки и Милтон Манаки „Манаки – приказна во слики“.

Ревијалната изложба на алтернативни фотографски техники Фотоклубот Ирис е основан во 1958 година во рамките на Студентскиот културен дом во Темишвар, Романија. Оттогаш, тој претставува простор посветен на љубителите на фотографијата, каде што креативноста и традиционалните техники се среќаваат со ентузијазмот на новите генерации. Секоја година, членовите на клубот организираат практични работилници за аналогна фотографија и експериментираат со историски фотографски техники како што се цијанотипија, вандајк, гумоил или гум-бихромат.
Филмот „Манаки – приказна во слики“ ја прикажува фотографската работа на Јанаки и Милтон Манаки, првите балкански кинематографери. Приказната се раскажува преку оригинални документарни фотографии следејќи ја нивната работата од отворањето на првото професионално студио во 1898 година во Јанина и подоцнежното селење во Битола, сега
познат како град на браќата Манаки.
Документарен филм, е во режија на Роберт Јанкулоски, сценарио: Илинденка Петрушева и Роберт Јанкулоски.
Фествалот „Културен амалгам“ има за задача да отвори врати кон коренита децентрализација на културата во Македонија преку поставување темели на соработка во различни средини и низ различни градови.