Музичкиот перформанс „Ноќта на танцот Таранта - ритамот и страста на Апулија“ вечерва во Куманово
17.09.2024 11:24
| KumanovoNews
Во големата сала на Центарот за култура “Трајко Прокопиев” Куманово, вечерва во 20.00 часот ќе се одржи музичкиот перформанс “Ноќта на танцот Таранта- ритамот и страста на Апулија” од Италија.

Настанот го организира Општина Куманово преку Секторот за меѓународна соработка и евроинтеграции, стратешко планирање, креирање политики, следење и ЛЕР, во соработка со Италијанската амбасада.
Влезот за сите посетители е слободен.