На Табановце запленета пиротехника
18.01.2010 10:45
| KumanovoNews
204 пиротехнички производи и тоа ракети, распрснувачки фонтани, мини огномети и 1 пумпа за хемикалии, пронајдени на 01.јануари годинава на граничниот премин Табановце, автопат - влез во Република Македонија.

На истиот граничен премин на 30.12.2009 година привремено е задржан 1 комплет швајцарски регистарски таблички, пронајдени кај македонски државјанин за кој било утврдено дека привремено внел патничко моторно возило во Македонија и нелегално го користел. Возилото било пронајдено и исто така привремено задржано.