×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • На 2 април е закажано судењето на Максим Димитриевски за злоупотреба на службената положба

    19.03.2024 17:41 | Сузана Николиќ

    Основниот суд во Куманово за 2 април го закажа судењето на градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски по обвинителен предлог за злоупотреба на службената положба.

    На 2 април е закажано судењето на Максим Димитриевски за злоупотреба на службената положба

    Кривичните пријави ги поднеле сопственици на две кумановски фирми, кои во законскиот рок не добиле решенија за наплата на комуналии за изградба на згради, бидејќи Димитриевски не ги потпишал.

    „Во Основен суд Куманово, на 04. март 2024 година, од страна на Основно јавно обвинителство Куманово е поднесен Обвинителен предлог против лицето Максим Димитриевски од Куманово, за сторено кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување од чл. 353 ст. 5 в.в. со ст. 4 в.в. ст. 1 од КЗ. По прием на предметот во Судот преку автоматска распределба на предмети преку АКМИС системот предметот е распределен за работа на судија“, одговорија тогаш од Кумановскиот суд за Кумановоњуз.

    Димитриевки обвини дека против него се води хајка од актуелната власт во предизворниот период. Тој е кандидат за претседател на државата предложен од партијата ЗНАМ.