×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Fiore

    Над 2.000 граѓани се вакцинирале против сезонски грип во Куманово

    28.11.2023 13:20 | Оливера Пешевска

    Околу 2.100 лица од ризичните групи примиле вакцина против сезонски грип, а 100 други се вакцинирале со т.н. комерцијални вакцини. Вакцинацијата во Центарот за јавно здравје во Куманово тече континуирано и без застој, а пациентите доаѓаат на закажано по Мој термин.

    Над 2.000 граѓани се вакцинирале против сезонски грип во Куманово

    Вакцинацијата започна на 25 октомври годинава и нема застој во имунизација на заинтересираните граѓани.

    „Вакцините од Минстерството за здравство се четиритипни и добивме 2.550 вакцини за ова сезона. Веќе се аплицирани околу 2.100 дози, но бројката не е конечна, затоа што континуирано вршиме вакцинација секојдневно. Пациентите веќе се навикнат, па преку Мој термин си доаѓаат точно на време и без поголеми задржувања си ја добиваат потребната превентивна,заштитна вакцина“, изјави д-р Едита Рамизи, епидемиолог.

     Центарот за јавно здравје Куманово го покрива Североисточен регион, па така во Крива Паланка се вакцинирале 500 луѓе, додека во Кратово 200. Куманово има доволна залиха за сите пациенти кои имаат потреба, но и во случај да се потрошат веќе набавените нема никаква пречка можат да се набават дополнителни количини.  

    Половина од набавените комерцијални вакцини се веќе потрошени, над 100 лица биле имунизирани по цена од 700 денари.

    Веќе петта година по ред вакцината за ризичните групи граѓани е бесплатна, а тука спаѓаат стари лица (над 65 години), лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени и деца на возраст од 6 месеци до 5 години.

    Надлежните нагласуваат дека граѓаните можат да се вакцинираат против сзонски грип и во ноември или декември, бидејќи согласно епидемиолошките податоци оваа болест во последните десетина сезони го достигнува пикот кон крајот на месец февруари.

    Вакцинацијата против сезонски грип е најефикасна мерка за превенција од вирусот која спречува појава на потешки форми, компликации и смртен исход, особено кај ризичните групи.