Најдено е починато лице во кривопаланечкото село Лозаново
09.07.2025 19:07
| KumanovoNews
Полициски службеници од ОВР Крива Паланка нашле починато лице во близина на пожар во село Лозаново, Кривопаланечко.

Во присуство на јавен обвинител се врши увид и подоцна ќе бидат соопштени причините за смртта на човекот.
Инаку, денеска градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, апелираше за помош, алармирајќи дека пожарот излегува од контрола.
Попладнево пожарот е ставен под контрола.