×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Најдобрите наставници и ученици од Крива Паланка добија признание на Денот на просветителите

    28.05.2025 08:12 | KumanovoNews

    Крива Паланка ги прогласи првенците на генерацијата и најуспешните наставници за 2024/2025 година на свечена академија по повод Денот на сесловенските просветители браќата Кирил и Методиј.

     

    Најдобрите наставници и ученици од Крива Паланка добија признание на Денот на просветителите

    За најдобар просветен работник во предметна настава беше прогласен професорот по спорт и спортски активности во СОУ „Ѓорче Петров“, Ведран Белешковски, кој пет години во низа со женскиот кошаркарски училишен тим освојува државни првенства, медали од Европски средношколски првенства и достојно ги претставуваат гимназијата и градот на светски гимназиски натпреварувања.

    Признание за најдобар просветен работник во одделенска настава доби Јасминка Станковска од ООУ „Илинден“, која со своето мото „Учете ги децата да ги прифаќаат различностите и ќе стекнат самодоверба, преку  иновативен пристап во работата, работи на едукација и развој на младите генерации.

    За ученици на генерација се прогласени: Горјан Николовски од ООУ „Св. Јоаким Крчовски“, Марија Ивановска, ООУ „Илинден“ и Ева Симонова, СОУ „Ѓорче Петров“.

    Градоначалникот Сашко Митовски ги врачи признанијата, и се обрати на присутните со порака дека силата на словото е најголемо оружје на едно општество.

    „Просветителството не е само слава од минатото – тоа е жива искра, обврска и повик. Во време на брзи промени и иновации, образованието останува најсилниот одговор на сите предизвици. Јазикот, писмото и знаењето не се дадени– тие се трајна основа што ние треба да ја негуваме, чуваме и пренесуваме, како што вие ценети  просветни работници, го осветлувате патот на нашите деца. Вашиот труд не се мери во часови работа, туку со срцето и духот  што го вложувате. Вие сте тивки херои на нашето време’, истакна градоначалникот Митовски.

     Акладемијата беше збогатена со културно-забавна програма.