Насилници истепале дете пред “Наим Фрашери“
23.09.2013 12:27
| KumanovoNews
Тројца насилници синоќа пред ОУ “Наим Фрашери“ тепале петнаесет годишен малолетник. Насилството во полиција го пријавила мајката на претепаното дете.

Н.С.(15) од Куманово синоќа околу 18.30 часот бил пресретнат и претепан без повод и причина од неколку лица. Насилниците го удирале детето со клоци и тупаници по телото, по што побегнале. Истепаното дете заминало дома и раскажало што му се случило, по што случајот бил пријавен во полиција.
Се преземаат мерки за откривање на сторителите.
(фото архива)