Неексплодирана граната пронајдена во Черкеско село
19.10.2024 10:31
| KumanovoNews
Во полицијата било пријавено дека неексплодирана граната е пронајдена во селото Черкезе.

„На 16 октомври во 15.53 часот во СВР Куманово, К.А. (48) пријавил дека во село Черкезе, кумановско, пронашол граната. Пиротехничар од Дирекцијата заштита и спасување ја подигнал гранатата и констатирал дека се работи за неексплодирана артилериска граната од Втората светска војна со калибар од 75 мм.“, соопштуваат од полицијата.
Увид извршила екипа од СВР Куманово.