Неколку села и населби денеска и утре без струја
06.08.2024 08:42
| KumanovoNews
Без струја денеска и утре ќе останат потрошувачите на неколку села и улици во Куманово.

Според Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) поради планирани дефекти без напојување со електрична енергија, денеска /06. август/ од 08:30 до 16:30 часот ќе останат селата: Мургаш, Кутлибег, Кшање, Затвор Кшање и Кокошиње.
Утре, среда, струја ќе нема од од 09:30 до 10:30 часот на ул. Браќа Филиповиќ.
Од 08 до 09 часот ул.Вук Караџиќ.
Од 08 до 15 часот во нас. Долно Којнаре ул. 1.