Нестабилно време со пороен дожд и грмежи за попладне, најавува УХМР
27.06.2024 14:13
| KumanovoNews
Од Упрвата за хидрометеоролошки работи (УХМР), најавуваат дека до утре ќе се задржи променливо облачно, нестабилно и малку посвежо време со пороен дожд и грмежи.

Денеска на повеќе места ќе има појава на невреме со обилен пороен дожд над 30 литри на метар квадратен за кратко време, грмежи, силен ветер над 60 километри на час и град. За време на викендот времето ќе биде стабилно и потопло, а од понеделник кон крајот на денот повторно се очекува локален пороен дожд и грмежи.
Од ЦУК апелираат граѓаните да се внимателни и сите итни случаи да се пријавуваат на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112.
(Фото. архива)