Невреме со град го зафати Куманово
Силно невреме проследен со ветар, грмежи, дожд и град попладнево го зафати Куманово.
„Во 18 часот Куманово и кумановскиот регион беа зафатени од нестабилна облачна маса проследена со силни поројни дождови, грмежи, силен ветер и појава на град. Облачната маса се движи од северозапад кон југоисток, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Олујниот ветар откорна дрвја на повеќе локации дрво. На булеварите „Октомвриска револуција“ и „Трета МУБ“, „Благоја Илиев Гуне“, „Лесковачка“ и др. Паднале и неколку тополи на патот Куманово- Крива Паланка.
Од ЈП „Чистота и Зеленило“, информираат дека нивни екипи се на терен и ги отстрануваат паднатите гранки и дрвја од коловозите.

Од УХМР информираат дека до петок под влијание на серија на влажни и нестабилни воздушни маси, времето ќе биде променливо облачно и наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме проследено со силен ветер и изолирана појава на град.
Во петок ќе има пообилни врнежи од дожд. Поради продор на постудена воздушна маса од север температурата значително ќе опадне.