×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Невреме со пороен дожд и грмежи, Македонија во жолта алертна фаза

    16.04.2024 16:09 | KumanovoNews

    Појава на нестабилно време со пороен дожд, грмежи и силен ветер (над 70 км/час), локално во форма на невреме, а дневните температури ќе имаат пад од 10-тина целзиусови степени се очекува утре, велат од Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија. 

    Невреме со пороен дожд и грмежи, Македонија во жолта алертна фаза

    Влијанието на серија на влажни бранови ќе започне во попладневните часови.

    „Не очекува променливо облачно време, попладне и во текот на ноќта со локални врнежи од дожд, проследени со ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од јужен правец. Утре, 17 април наместа ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и силен ветер (над 70 км/час), локално во форма на невреме. Од петок, а особено за време на викендот поради спуштање на студена воздушна маса врнежите од дожд на планините и повисоките места ќе бидат од снег и ќе се формира нова снежна покривка. Врнежите повремено ќе имаат обилен карактер, наместа над 40 л/м2 за краток период“, соопштува УХМР.

    Дневните температури во североисточниот регион ќе се движат околу 20 степени, со постепен пад во наредните денови. Ваквите временските прилики, променливо облачно со повремени врнежи од дожд ќе се задржат до почетокот на следната седмица.

    Осетно зголемување на температурите може да се очекуваат од следниот четврток.