Ноќеска изгоре автомобил во Куманово
31.07.2024 14:21
| KumanovoNews
Автомобил „ауди“ ноќеска се запалил и изгорел додека бил паркиран на улица во Куманово.

„Во 02.30 часот во СВР Куманово било пријавено дека на улица „715“ во Куманово настанал пожар во паркирано патничко моторно возило „ауди“ со кумановски регистарски ознаки, сопственост на А.Е.(57) од Куманово. Пожарот бил изгаснат од екипа од Територијалната противпожарна единица Куманово, а повредени лица нема. Увид на местото на настанот извршила екипа“, соопшти Кумановската полиција.