×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Новата фонтана чини 10.000 евра, реконструкцијата на Соколански парк 233.000 евра

    10.04.2024 08:54 | Оливера Пешевска

    Пуштена е новата украсна фонтана во Соколанскиот парк за која Општина Куманово потроши 10 илјади евра. Реконструкцијата на паркот чини 233 илјади евра.

    Новата фонтана чини 10.000 евра, реконструкцијата на Соколански парк 233.000 евра

    Фонтаната има осветлување кое ги менува боите, па го привлекува вниманието на јавноста, но постаментот е бетонски и се уште неуреден.

    Љубопитни граѓани веќе го посетуваат паркот, за да ja видат фонтаната одблиску. Мислењата се поделени, и додека за едни е убава за други е кич.

    Фонтаната е поставена во парк во високата зона на градот која во летниот период кубури со вода, па граѓаните се прашуваат дали таа ќе ја има функцијата за која е направена.  

    Во спецификацијата на склучениот договор стои дека фонтаната е висока 2,4 метри, а тешка 4 тона, со пумпа за циркулирање на вода и осветлување.

    Во паркот се предвидени и две мали фонтани за пиење вода. Двете со вредност од околу илјада евра. Наместени се, но се уште не се ставени во функција.

    Реконструкцијата на Соколанскиот парк започна кон средината на август, минатата година, и требаше да заврши за 35 работни дена, но трае веќе 9 месеци. Работите ги изведува фирмата „ИНТЕКО Иван“ ДООЕЛ од Скопје. 

    Вредност на договорот првично била 12,850 милиони денари (210 илјади евра), но тој претрпел две измени, и сега чини 14.350 милиони денари (233 илјади евра).

    Со првата измена се пролонгира рокот за завршување на работите, а со втората се зголемува сумата за реконструкција за 1,5 милион денари. Трошоците се правдаат со “уредување на кусоци, вишоци и набавка на дополнителни непредвидени работи и измена на времетраење“.

    Паркот ќе добие нови патеки и нова камен-тепих подлога, нови рабници, канделабри, клупи и корпи за отпадоци. Дел од опремата е веќе поставена.