Мени

Обид за измама на повозрасна жена од кумановско село

09.10.2025 14:50 | KumanovoNews

Триесет и петогодишна годишна жена вчера во полицијата пријавила дека едно лице се обидело да ја измами нејзината баба од кумановско село. 

Обид за измама на повозрасна жена од кумановско село

Според пријавеното, лицето ѝ се јавило на телефон и ѝ кажало дека наводно член од нејзиното семејство бил во критична состојба по случена сообраќајна несреќа во Германија, но откако се посомневала ја прекинал врската.

Секторот за внатрешни работи Куманово апелира до граѓаните да бидат претпазливи, а особено повозрасните лица кога непознати лица им се јавуваат, да не наседнуваат на измами во кои лажно се нудат услуги.