Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Општина Куманово го објави повикот за субвенционирање на лица како помош при домување, односно субвенционирање на сметките за кирија.
Трошоците за кирија ќе се субвенционираат за корисници на гарантирана минимална помош, материјално и станбено необезбедени лица, корисници на социјална сигурност за стари лица и жртви на семејно насилство, кои живеат на територија на општина Куманово, а кои живеат под кирија. Воведена е и дополнителна категорија, на повикот можат да аплицираат и жртви на семејно насилство.
Советот претходно изгласа зголемување на финансиските средства од 3.000 денари. на 6.000 денари за кирија, за секое поединечно барање.
Барањата можат да се подигнат во архивата на општина Куманово и на портирница во зградата на поранешен АД „Козјак“ спроти градскиот стадион.
Потребна документација треба да се достави до архивата на општина Куманово. Повикот е отворен од 15 мај, а ќе трае до крајот на 2025 година.