Објавувал монтирани фотографии од малолетничка со експлицитна содржина, полицијата го привела
09.01.2026 18:08
| KumanovoNews
Малолетник објавувал експлицитни фотографии од малолетничка на социјалните мрежи, кои предходно ги монтирал.
„Полициски службеници од СВР Куманово лишија од слобода 16-годишник од Куманово, постапувајќи по претходна пријава дека на социјални мрежи објавувал монтирани слики со експлицитна содржина од малолетничка. Тој е приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава“, соопшти МВР.