Од полноќ почнува изборниот молк за вториот круг од Локалните избори
        31.10.2025 16:53
                  |               KumanovoNews                                  
	         
      Со денешниот ден завршува изборната кампања за вториот круг од Локалните избори 2025 година, односно од полноќ започнува изборниот молк кој трае до 19:00 часот на 2 ноември 2025 година.
 
                  За време на молкот медиумите продолжуваат да известуваат за изборите и за текот на гласањето, но не смее да се емитува ниту еден од облиците на изборно медиумско претставување.
Во вториот круг на локалните избори, граѓаните на Куманово ќе гласаат за кандидатите Максим Димитреивски од ЗНАМ и независниот кандидат Горан Стојковски Диро.


 
                   
                   
                   
                   
                  



