Мени

Во текот на неделата ќе има прекини на струја во повеќе кумановски населби и села

01.03.2026 09:54 | KumanovoNews

Од 2 до 6 март е предвидено исклучување на електродистрибутивниот систем во повеќе населени места во Кумановско.

Во текот на неделата ќе има прекини на струја во повеќе кумановски населби и села

Според информацијата од Регионалниот центар за управување со кризи, утре (понеделник), без електрична енергија од 08:30 до 14:30 часот ќе останат потрошувачите на улицата „Индустриска“, маалите Аџинци и дел од Брадиновци во селото Младо Нагоричане, како и во селото Винце, во делот од трафостаницата кон црквата.

Во вторник, од 07:45 до 14:30 часот, прекин во снабдувањето со електрична енергија ќе има во населбите Иго Тричковиќ и Ајдучка Чешма, додека во селата Воиновиќ и Сопот струја нема да има во периодот од 08:00 до 15:00 часот.

Во среда, без струја од 08:30 до 14:30 часот ќе биде селото Винце.

Во петок, од 08:30 до 13:30 часот, ќе бидат исклучени дел од селото Романовце (пумпи за вода, излезот на селото кон автопатот и железничка станица) , како и селата Агино Село и Брзак.