Одложено судењето на Јовановиќ
11.04.2013 10:46
| KumanovoNews
Во Основниот суд Куманово, денеска се одложи судскиот процес против Миодраг Јовановиќ, градоначалник на општина Старо Нагоричане, обвинет дека во април мината година прегазил пешак со службеното возило и не му укажал помош.
Повредениот Срѓан Лазаревски, по десетина дена почина на скопската клиника. На денешното рочиште приговор на обдукцискиот наод поднела одбраната на обвинетиот. Судијата што го води процесот процени дека е неопходно да ги повика и вештите лица од судска медицина што го изготвиле наодот, а потребно е појаснување на сообраќајно техничкото вештачење од СВР Куманово во кое непрецизно било дефинирано движењето на автомобилот и на жртвата. На предходните две рочишта градоначалникот Јовановиќ го негираше делото.

