Опожарена куќа на улицата „6 Април“
29.05.2024 13:23
| KumanovoNews
Утринава се запалила куќа на ул. „6 Април“ во Куманово.

„Во 05.10 часот, Ж.Е.(67) од Куманово пријавил дека во неговата куќа на улица „6 Април“ настанал пожар. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијална противпожарна единица Куманово, а повредени лица нема. Увид извршила екипа на СВР Куманово“, соопшти МВР.