Опожарена куќа во Романовце, повредени нема
02.07.2024 15:52
| KumanovoNews
Ноќеска во село Романовце била опожарена куќа, но за среќа нема повредени лица.

Како што информираат од МВР, на 02.07.2024 година, 38 минути по полноќ, во СВР Куманово било пријавено дека настанал пожар во куќа во село Романовце.
Пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица Куманово, а повредени лица нема.
Увид извршила екипа на СВР Куманово.