Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Општина Куманово ќе го субвенционира работењето на занаетчиите. Со мерката се опфатени старите занаети како што се грнчари, филигранисти, ковачи, крзнари, шапкари, саатчии, кондурџии, се со цел да се спречи нивното изумирање и да се стимулира претприемништвото и локалната традиција.
„Ова е прв пример во нашата држава да се субвенционираат старите занаети. Ова е голем чекор за помош на старите занаети и зачувување на нашата традиција и култура и апелира до сите градоначалници во државата да го следат примерот на општина Куманово“, изјави Агрон Фазлији претседател на Регионалната занаетчиска комора на Куманово
Покрај субвенционирањето, овие занаети ќе бидат ослободени и од комуналните давачки, напишаа на својата ФБ страница занаетчиите.