×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Општина Куманово ќе ја тужи фирмата и надзорниот орган за реконструкција на малиот плоштад

    22.05.2025 15:19 | Оливера Пешевска

    Општина Куманово ќе поведе судска постапка против изведувачот и надзорниот орган на проектот за реконструкција на малиот плоштад во Куманово.

    Општина Куманово ќе ја тужи фирмата и надзорниот орган за реконструкција на малиот плоштад

    „Проектот за реконструкција на мал градски плоштад ќе биде во најкусо време завршен, независно од тоа колку ќе трае судската постапка. Истата е покрената против изведувачот и надзорниот орган, кој беше задолжен да ја следи работата и изведбата на тој градски плоштад. Општина Куманово има обезбедно средства и истиот во најкус можен рок ќе биде реализиран“, објасни Лидија Ланг Спасовска, раководител на Сектор за комунални работи.

    Дел од советниците од опозицијата и граѓаните со месеци наназад реагираа дека плоштадот не е квалитетно изработен, и дека се користат матерјали кои не одговараат на она што било предвидено со проектот.

    „Од она што може да се констатира е дека се потрошени повеќе од 20 милиони денари, а во програмата има предвидено уште средства. Изградбата трае повеќе од 1 години, потрошени повеќе од 350.000 евра, а наместени само бекатон плочки. Смешно е да потрошите толку пари, како да наместивте подно греење на малиот плоштад. Од овој најавуван мега проект направивте хорор за граѓаните“, кажа советникот Благојче Јаќимовиќ.

    Од Општина Куманово најавија дека проектот ќе се доврши од сопствени средства, а направена е измена и дополна на програмите за развој и комунална инфраструктура за 2025 година.  

    Реконструкцијата на малиот плоштад започна во јануари лани и ќе чини над 840.000 илјади евра, a ја врши фирмата „Ленди Груп“ од Скопје. Првиот договор чинеше 47.6 милиони денари или 774 илјади евра, а потоа беа издвоени уште 4 милиони денари или 65.000 евра за ставките кои не биле ставени во првичниот договор.