Мени

Општина Куманово ќе одвои 14 милиони денари за помош на ранливи категории граѓани

26.01.2026 08:27 | KumanovoNews

Општина Куманово ќе издвои 14 милиони денари или околу 225.000 евра за субвенционирање на програми за помош на социјално загрозените категории граѓани. 

Општина Куманово ќе одвои 14 милиони денари за помош на ранливи категории граѓани

Станува збор за пет вида помош: за вода и смет, за кирија, за градинка, за народна кујна и за еднократна парична помош.

„Од буџетот на Општина Куманово предвидени се: 7 милиони денари за трошоци за комунални услуги, 600.000 денари за домување на материјално необезбедени лица, 1,5 милиони денари за еднократна парична помош, 894.000 денари градинка за деца со еден родител и деца Роми, како и 4 милиони денари за народна кујна“, изјави Александар Крстевски, раководител на Одделението за социјална заштита.

Правото на користење на овие мерки го имаат лица кои примаат социјална помош, лица со интелектуална и телесна попреченост, стечајни работници, самохрани родители и згрижувачки семејства, материјално и станбено необезбедени лица, деца без родители, како и стари лица.

Аплицирањето за добивање на средствата ќе трае до 12 февруари.