×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Општина Куманово ќе субвенционира реконструкција на фасади и кровови на станбени згради

    27.05.2025 13:21 | KumanovoNews

    Општина Куманово објави јавен повик за граѓаните за проектот за зголемување на енергетска ефикасност преку реконструкција на фасади и кровови на станбени згради. 

    Општина Куманово ќе субвенционира реконструкција на фасади и кровови на станбени згради

    За ова намена локалната самоуправа издвои 2 милиони денари, со можност за зголемување на средствата преку ребаланс на буџетот.

    Повикот е отворен од вчера, 26 мај и ќе трае во наредните 20 дена, а ќе се реализира во соработка со Хабитат Македонија. 

    „Субвенционирањето ќе биде поддржано со финансиски средства од буџетот на Општина Куманово во висина од 30 отсто, но не повеќе од  500.000 денари од вкупниот износ на вредноста на инвестицијата за секоја одобрена апликација“, стои во повикот на локалната самоуправа.

    Останатите 70 проценти треба да ги обезбедат самите станари, преку сопствени средства или кредитна поддршка од партнерската програма на Хабитат Македонија, која нуди поволни услови за финансирање – шестгодишна кредитна линија со камата од само 5%.

    Проектот користи т.н. „One Stop Shop“ модел, единствена инфо- точка каде управителите на згради на едно место ќе можат да се информираат и да добијат стручна поддршка за секој чекор од процесот – од аплицирање, преку финансирање, до реализација на проектите.

    „Сакаме средствата да останат во Куманово и да го искористиме интересот на граѓаните за да реконструираме што повеќе згради – не само фасади, туку и кровови, со можност и за замена на дотраена столарија,“ истакна Ивана Ѓорѓиевска, претседателка на Советот на Општина Куманово при промоција на проектот.

    Иако во поранешните проекти еден од условите беше 70 посто од прозорците и вратите да бидат заменети со ПВЦ дограма, сега е изоставен тој критериум.

    „Добар дел од стамбените згради имаат енергетско ефикасна столарија, а и одредена количина на средства од резервниот фонд, и можат да учествуваат во овој проект со помош на Хабитат. Има заинтересираност, најчесто зградите во централното градско подрачје“, истакна Бојан Давидовски, претставник на „Вектор плус“.

    Право на аплицирање имаат заедници на сопственици или сопственици на посебни делови во згради управувани од регистриран управител и ги исполнуваат следниве услови: зградата да е постара од 25 години, поддршка од минимум 70 посто од станарите (со изјави заверени на нотар), да не се работи за зграда со помалку од два ката со приземје.

    Апликациите се поднесуваат во општинската архива, секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот, или по пошта. Обрасците и деталните инструкции може да се подигнат лично од општинските служби или да се симнат од официјалната веб-страница.